Skip to main content

Промена во гастрономијата на охридските ресторани

Охрид е прекрасно туристичко место, но со гастрономија која стои во место.

 |  Валентина Неловска  | 
meni
meni

Охрид е прекрасно туристичко место, но со гастрономија која стои во место. Мора да има промени во понудата на храна во охридските ресторани, нагласува интернационалиот кувар од Германија, Синиша Салатиќ. Менијата се преобемни со веќе познати специјалитети. Странските туристи сакаат да вкусат традиционална храна, но сакаат да пробаат и нови јадења, вели искусниот гастроном.

„ Не сакам никога да навредам, традиционална кујна треба да има, да ја зачуваме. Туристите сакаат да пробаат ѓомлезе или тавче гравче, но треба и промени. Во рестораните со години се истите менија, скара која дебелее. Треба да има свежа храна, да се готви свежо и со сезонски зеленчук. На тој начин се готви ефтино и постојано сте актуелни“.   
restorani
Синиша Салатиќ  по мајка е Охриѓанец, по татко Херцеговец, а во ресторанскиот бизнис е од 1988 година. Во Германија води сопствен италијански ресторан и прави споредба помеѓу македонската и италијанската кујна. Нашата храна е многу потешка, се јаде помрсно, додека италијанската е полесна и поздрава, укажува  Салатиќ. Искусниот кулинар забележува и на тоа како се приготвува храната во рестораните. Помалку се употребуваат свежи зачини, од кои храната е поароматична и поздрава. Неговото мото во гастрономијата е подготвување на лесна, едноставна свежа и здрава храна. На прашањето дали би отворил  ресторан во Охрид, храбро вели да. Човек може да успее ако верува во себе , ако има концепт, позитивна енергија и насмевка.

„ Имам учено школа за угостителство во Германија и сум ги прошол сите фази. Во мојот ресторан дојдоа гастрономи кои доделуваат ѕвездички за храна. Јас ги одбив им реков благодарам, мојата ѕвезда е во срцето, додека ја носам неми е потребно ништо. Сакам кога ќе влезе гостинот во ресторанот да не знае што го очекува. Но, кога еднаш ќе ја отвори вратата од ресторанот да се врати повторно“.  

Интернационалниот кувар Синиша Салатиќ, на  угостителите од градот, само кратко им порача на охридски дијалект „појќе смеење“.

{loadposition content9}