Општинска изборна комисија Охрид со известување за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори. Според известувањето променета е локацијата на 7 избирачки места на територијата на Општина Охрид.
- Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар – Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
- Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
- Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна касарна Ул. Радојца Новичич (новата зграда на училиштето)
- Избирачките места 1268 и 1268/1 од приватен објект хотел Ловец – Охрид, се префрлени во О.У. „Кочо Рацин“ – „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
- Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 001 до 0081 се префрлени во ИМ 1270 – Музичко училиште „Методиј Патчев“
- Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броевки на куќен број од 0081 до крај се префрлени во ИМ 1273 – Музичко училиште „Методиј Патчев“