УХМР
Променливо облачно и топло со сончеви периоди
Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 14 до 26 степени Целзиусови.

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 14 до 26 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека од утре, четврток, до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.




