Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со дневна температура до 19 степени

Променливо облачно со услови за дожд.
 |  инфодеск  | 
променливо облачно фото: Симјаноски

Времето денес во Македонија променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Минималната температура до 9 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 19 степени.

И во четврток во Македонија ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.