Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 20 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови.

Минималните температури во Охрид од 10, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Под влијание на влажен бран викендов ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица.