УХМР
УХМР: Променливо облачно и топло со сончеви периоди
Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови.

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 28 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека утре на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.




