Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре и задутре ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Денешните температури во интервал од 2 до 9 степени Целзиусови.