Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и ладно време во Охрид

Минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 6 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 6 степени Целзиусови.

Утре особено долж Повардарието и во источните делови ќе засилува северен ветер. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и особено во јужните делови услови за слаб дожд, на планините понекаде може ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.