
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 12 до 19 степени Целзиусови.
