Skip to main content

УХМР

Променливо облачно, попладне дожд

Минималната темепература до 10 степени, а дневната ќе се искачи до максимални 19 степени.
 |  инфодеск  | 
облачно
hdr

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Во Охрид променливо облачно, во попладневните часови ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната темепература до 10 степени, а дневната ќе се искачи до максимални 19 степени.

Од утре следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.