Променливо облачно време и денеска во Македонија, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната деневна ќе се искачи до 24 степени.
Во македонија и во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.