Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на седмицата

Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 12 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата.

Фото: Ѓоко Симјаноски