
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени), информираат од УХМР.
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 18 степени Целзиусови.
Latest Охрид
