Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).
Денес температурите ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.