Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес во Охрид минималните температури од 9, а максималните до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од УХМР информираат дека до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.

Денес во Охрид минималните температури од 9, а максималните до 15 степени Целзиусови.