Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека времето од четврток ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.
Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 13 степени Целзиусови.