УХМР
Денес ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 8 до 19 степени Целзиусови.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.


