УХМР
Променливо облачно со температура до 18 степени
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален дожд.
Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален дожд.
До крајот на оваа седмица, во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Фото: Ѓоко Симјаноски


