Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со врнежи, нови врнежи и снег на повисоките места

Денес во Охрид минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Денес во Охрид минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.

Инаку, повремени локални врнежи ќе има и во недела, а пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег. Преодно стабилизирање се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.