Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди и услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Во Македонија под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР.
Од утре ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
фото: Ѓоко Симјаноски