Променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Во котлините со магла дневната температура ќе остане преку денот само до неколку степени над нулата.
Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.