Променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Од крајот на денот на запад облачност ќе се зголеми, а преку ноќта ќе има услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
И денес, како и вчера, температурите во интервал од 0 до 12 степени Целзиусови.
Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. Од утре попладне и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР.