Skip to main content

Променливо облачно време со температура до 20 степени

Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 20 степени.

Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Утре и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h, информираат од УХМР.