Skip to main content

ухмр

Променливо облачно со максимални температури до 13 степени Целзиусови

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 13 степен Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Фото Ѓоко Симјаноски облачно во Охрид

Променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 km/h), велат од УХМР.

Утре во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Преку денот ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 13 степен Целзиусови.