Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 22 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.
Фото: Ѓоко Симјаноски