Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Утре во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни и на планините снежната покривка ќе се зголемува. Во недела ќе дува засилен јужен ветер и врнежите ќе бидат претежно од дожд, информираат до УХМР.
Во Охрид температурите ќе се движат од 4 до 9 степени Целзиусови.