Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со врнежи од дожд

Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Во Охрид променливо облачно и нестабилно со дожд, особено попладне. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава во Македонија ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). До петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.