
Во Охрид денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места, информираат од УХМР.
фото: Ѓоко Симјаноски