Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и врнежливо

Денес во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 16 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално во западните и јужните делови ќе има појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер.

Денес во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 16 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека до крајот на седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен и северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 50 km/h).