Skip to main content

УХМР

Променливо време со дожд, засилен ветер и пад на температурите

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот поради продор на постудена воздушна маса на некои од повисоките места во западните делови врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец (над70 km/h).

Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 14 степени Целзиусови.

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.