Skip to main content

Променливото време ги наполни амбулантите

Интерно одделение Охрид бележи зголемен број на пациенти кои се жалат на главоболка, висок крвен притисок и стегање во градите. Овие симптоми најчесто се резултат на променливото време, информира д-р Валентина Милошеска. А пациентите по навика спас бараат на интерно одделение.

 |  Николоска Биљана  | 
bolnica
болница

Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид.

„Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“.  

tegobiНе е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се јават кај матичните лекари или во итната медицинска помош, се јавуваат на интерното одделение при Општата болница Охрид, забележува Милошеска.   

„Голем број од пациентите тешко ги откоренуваат навиките, повеќето се јавуваат на интерно одделение, еве сега пробно функционира системот на закажување преку матичниот лекар но голем дел од пациентите ги избегнуваат чекорите кои треба да ги направат. Посебно зголемен е бројот за викендите кога матичните не работат, навечер, попладне така да еден апел и до матичните да си организираат дежурна матична служба во викендите посебно во летниот период“.

Интернистите предупредуваат ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во поладно место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура и побарајте помош од доктор. Исто така како препорака е и внесување на големо количество течности почнувајќи од вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци, носење на лесна и светла облека, при изложеност на сонце капа и очила задолжително.

{loadposition content9}