Skip to main content

Градска библиотека охрид

Промоција на романот Надеж

Романот „Надеж” е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта, вели авторот Ване Николоски.
 |  инфодеск  | 
Читална библиотека

Во среда, на 13-ти јули 2022 година, во Градската библиотека „Григор Прличев” во Охрид ќе биде промовирана книгата „Надеж” од Ване Николоски, наш автор од Австралија – писател и голем љубител на природата и својот Охрид.

Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која не можам да функционирам нормално. Романот „Надеж” е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта – вели авторот.

Почетокот на промоцијата е во 12:00 часот.