Skip to main content

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Промоција на туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион на саем во Тирана

АППТ и општина Струга од 6-ти до 8-ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско–струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава на саем во Тирана.
 |  инфодеск  | 
Саем Тирана

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на Expo tourism -интернационален саем за туризам во Тирана.

Заедно со општина Струга од 6-ти до 8-ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско–струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.

Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Саем Тирана

Учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн.