Промоција на турско кафе и турски филм во Охрид
Ако со некој се напиете турско кафе спомените остануваат најмалку 40 години. Ова го кажа директорот на Институт Јонуз Емре, кои синоќа пред охриѓани го промовираа традиционалното турско кафе. Тој истакна дека ваквите настани ги зајакнуваат македонско турските односи на полето на културата уметноста и образованието.
Промоција на турското кафе, повод за зближување на македонскиот и турскиот народ. Синоќа во просториите на центарот за култура „Григор Прличев“ Институтот „Јунус Емре“ од Скопје и Општина Охрид го организираа настанот „Промовирање на традиционално турско кафе” и проекција на турски филм. Директорот на Институтот Јонуз Емре, Мехмет Самсакчи, истакна дека главната причина за одржување настани од ваков карактер е да се воспостават пријателски односи помеѓу двете земји Македонија и Турција, како и понатамошна заложба, преку заеднички проекти да бидат промовирани вредностите од културата, уметноста и образованието.
„Вечерва сме во најубавиот град на Балканот а воедно и во Македонија, Охрид, охриѓани ќе имаат можност на лице место да видат како на традиционален начин се подготвува традиционалното турско кафе, а воедно ќе се служи и локум за да можат да се вкусат заедно“
Турското кафе е напиток кој датира од дамнина уште од 1006 година, односно постои цели 11 векови. Проф Самсакчи за ТВМ открива која е тајната за тоа, во што е посебно турското кафе, каква е неговата правилна подготовка, како и тоа зошто е толку препознатливо и сакано.
„Имаме многу добра причина да кажеме зошто турското кафе е посебно, ние турците за доручекот викаме кахвали, значи пред кафе, односно доручекот го јадеме како церемонија за потоа да го пиеме кафето. Кафето зазема посебно место во традиционалниот семеен живот кај нас турците, значи кога ќе ни дојдат гости неизбежно е да се послужи кафе, а еден поет во својата поезија рекол „Душата не сака ни кафе ни кафеана туку кафето е само причина за добар муабет“. Еден филџан кафе има спомени до 40 години, ако со некој заеднички се напиете кафе спомените остануваат најмалку 40 год“.
По презентацијата на традиционалното турско кафе, љубителите на филмската уметност имаа можност да го проследат турскиот филм „Невозвратена љубов”, со македонски превод.