Skip to main content

Збирка раскази

Промовирана книгата Приказни од кујната

„Приказни од кујната“ е првата збирка раскази на Марина Шикова Димовска која беше промовирана во кафе бар Шила во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Збирка раскази

Во саботата во кафе и бар „Шила“ во Охрид бешe промовирана првата збирка раскази на Mарина Шикова Димовска „Приказни од кујната“, издание на ПНВ Публикации од Скопје.

Книгата низ разговор со авторката ја претстави Јулијана Величковска.

Куса исповед на проза, необични дневнички записи што следуваат еден по друг по сеќавање, не по хронологија. Небаре разгледувате албум со стари фотографии. Топли и мирисливи, но некогаш и прегорени и горчливи приказни од кујната на животот. Приказни за растењето и созревањето. Приказни што ја осветлуваат улицата на нашето детство и во сончеви и во тмурни денови. Приказни за недостигот и за љубовта – рече Величковска.

Збирка раскази

Марина Шикова Димовска од Охрид дипломирала на Катедрата по Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Нејзини раскази се објавувани во неколку книжевни списанија, а со три раскази е застапена и во збирката „Интимно со пандемијата“, збирка раскази од 17 автори (Креативна верига, 2021).

„Приказни од кујната“ е нејзина прва збирка раскази.