Skip to main content

Промовирана Стихозбирката „Помнам“ од Ристо Јачев

Промовирана стихозбирката „Помнам“. 

 |  Маленкова Татјана  | 
Kniga Pomnam
книга Помнам

„Секој Автор пишува една книга цел живот. Од мојата прва песна до поледнава книга по самите наслови ќе видите дека пишувам една песна , обработувам еден регион, говорам за едни исти луѓе , а помнам затоа што се враќам во едно минато определено свршено време во времето кога не прогонуваа низ егејските шуми“, вели Јачев.

„Минатата година објавив роман во кој микс правам на две војни граѓанската војна од 1946 – 1949 год. во егејска македонија и 2001 год. овде.
Многу од нашите издавачки куќи не објавуваат повеќе поезија. Проза да но поезија не . Тоа е став на куќата“, вели писателот Ристо Јачев.

Книгата „Помнам“ е издадена од издавачката куќа Макавеј од Скопје. Токму во оваа издавачка куќа се издадени последните седум книги, додава авторот.

„Некогаш во нашите весници ние немаме ставено никаква критика. Во 1976 година почина Димитар Митрев. По kniga Pomnamнеговата смрт ние немаме критичар, кој ќе земе да го објаснува делото. Поезијата остана на маргините. Кина има 2 милиарди народ. Имаат регистрирано 1000 писатели ние сме едвај 1 милион народ со регистрирани 500 писатели. Тоа говори дека секој кој фатил пенкало станал автор“, вели Јачев.

Јачев не се плаши јавно да кажи деке во овој период се објавува се и сешто и тоа без критериуми. Токму тоа е тоа што него најмногу му смета.
Книгата „Помнам“ е 21 дело на авторот Ристо јачев кое денеска беше промовирано пред вљубениците на пишаниот збор во Охрид.

{loadposition content9}