Промовирано делото „Охридски раскажувачи“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски
Во него се поместени охридски автори од времето на преродбата па се до осовременувањето на Македонскиот јазик. Оваа книга придонесува за зачувување на делото на Прличев и продолжување на нашата традиција и корени.
Со книжевното дело „Охридски раскажувачи“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски започнаа годинешните Прличеви беседи. „Охридски раскажувачи“ е проект со кој ги возобновуваме охридските традиции и поети, имиња од охридската историја и раскажувачи, напомена Димитар Пандев, еден од авторите на делото.
Предмет на интерес ни беа охридските раскажувачи, по хронолошки принцип. Ни се отвори темата за Охридскиот заговор, сфативме дека охридската раскажувачка проза на современиот Македонски јазик започнува со Охридскиот заговор и продолжува со пред Илинденскиот период па се преточува во детската литература и романите на Ванчо Николески. Ванчо Николескии е автор на неколку историски романи, а особено место зазема романот за Гоце Делчев – истакна Пандев.
Општина Охрид е издавач на „Охридски раскажувачи“ која на 300 страници ја прикажуваа раскажувачката страст на многуте охридски великани, кажа градоначалникот Кирил Пецаков.
„Охридски раскажувачи“ е алка помеѓу сегашноста и минатото. Пример дека многу охридски раскажувачи тргнале по стапките на Григор Прличев кој говорел на мајчиниот јазик и на Охридски дијалект кој се разликувал од Бугарскиот јазик. Придонесува за зачувување и промоција на ликот и делото на Григор Прличев. Оддава почит на делото и негувањето на нашата традиција и корени – вели градоначалникот Пецаков.
Во книгата „Охридски раскажувачи“ се поместени 17 охридски автори од времето на преродбата па се до осовременувањето на Македонскиот јазик, истакна Перчо Божиноски промотор на делото.
Делото претставува преглед на раскажувачи поврзани со Охрид и охридско. Нивното раскажување е пресрет кој се води од Илинденскоит период па се до раскажувањето поврзано до осовременување на Македонскиот јазик т.е охридскиот говор кој го гледаме низ текстот се до стандардизирање на Македонскиот јазик – кажа Божиноски.
Во делото „Охридски раскажувачи“ се поместени охридски автори меѓу кои се Кузман Шапкарев, Живко Чинго, Ефтим Спространов, Видое Видически, Бошко Смаќоски, Зоран Ковачески, Ванчо Николески, Иван Точков, Коста Фортомар и др. автори кои на Македонски јазик овозможија мислата слободно да се развива онака како што се залагал Григор Прличев.