Пронајден пиштол кај жител на Драслајца
Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 42-годишно лице од струшкото село Драслајца.
| | Охрид
На 8-ми јуни 2021 година, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 42-годишно лице од струшкото село Драслајца.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол и 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловна пушка кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.