Го поседувал без соодветна документација
Пронајден пиштол кај охриѓанец
Приведен 57-годишен охриѓанец кај кого полициските службеници пронајдоа сигнален пиштол кој што го поседувал без соодветна документација.
На 28.10.2022 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на В.Ј.(57) од Охрид, полициските службеници пронајдоа еден сигнален пиштол марка „Ekol Dicle” калибар 9 милиметри кој, го поседувал без соодветна документација.
Истиот, врз основа на членот 396 од Кривичниот законик е одземен, В.Ј е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


