СВР Охрид
Пронајдена дрога во возило во автокамп на охридското крајбрежје
По целосно документирање на случајот, против две лица од Дебар ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2023 во 17.10 часот во автокамп на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(33) и К.С.(26), двајцата од Дебар.
„При преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со остатоци од црна течна материја и метален грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


