СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и ,,овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом на 30.03.2021 година, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид го затекнале Н.П.(35) од Охрид при користење марихуана, а дополнително, пронајдена и одземена е марихуана и предмети со остатоци од марихуана, кокаин и хероин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(33) од ресенското село Покрвеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При преглед на пријавениот и на патничко моторно возило што го користел, извршен пред угостителски објект на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа тегла со марихуана и паковање со кокаин, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.