Девет пакувања со бела прашкаста материја
Пронајдена дрога во Охрид
Приведени две лица во Охрид, кај кои полицијата пронајде едно кесе со девет пакувања со бела прашкаста материја.
На 22.08.2022 окоу 11:20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Ф.(50) од с.Пирок, општина Боговиње и С.Ц.(49) од Скопје.
При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот на С.Ц. била пронајдена една кеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


