На 30.08.2022 во 01:55 часот на патот во с. Орман, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(26) од Охрид.
При преглед во возилото „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Охрид.