Skip to main content

Свр охрид

Пронајдена марихуана, приведени две лица

Приведени две лица на возраст од 38 и 40 години кај кои полицијата пронашла марихуана. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

На 22.03.2023 околу 18:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(38) и Х.Г.(40), двајцата од Охрид.

При преглед во патничко возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.