Поднесена кривична пријава
Пронајдена марихуана во домот на охриѓанец
При претрес во домот на 34-годишен охриѓанец, полицијата пронајде опојна дрога марихуана, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници прнашле и одзеле опојна дрога Марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.


