Охридско езеро
Пронајдена неексплодирана бомба
Во водите на Охридското езеро е пронајдена неексплодирана бомба, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 16.07.2022 година во 20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро , на охридското крајбрежје, пронајдена е неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници по што, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, изврши подигнување за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


