На 07.08.2024 во 10.35 часот на улица „Даме Груев” во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 32 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.