Пронајдена жива и здрава исчезнатата жена во Охридското Езеро
Охридската полиција ја пронајде жената која беше пријавена за исчезната. 10 часа, траеше потрагата на тимови од Црвен Крст и езерската полиција откако синоќа од роднини било пријавено нејзино исчезнување. Жената ја прифатиле медицински екипи, била контактиблна и во добра состојба.
Полициските екипи кај хотел „Парк“, жива и здрава ја пронајдоа жената, која од најблиските беше пријавена дека синоќа околу 1 часот по полноќ исчезнала и најверојатно се удавила во водите на Охридското Езеро.. Потрагата по жената, започнала утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово, при што биле пребарани над 20.000 метри квадратни површина во езерските води од трската до старото пристаниште. Жената, за среќа била во добра здравствена состојба, контактибилна, како што изјави, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
„Веднаш полициските службеници од езерската полиција пристапија кон извлекување од водите и со патролниот чамец е донесена во просториите на езерската полиција. Паралелно веќе беше организирано и доаѓањето на екипата на брза помош по што лицето е предадено на медицинските лица“ – вели Димоски.
Се очекува во теков на денот од страна на полициски службеници од СВР, дополнително да реализираат разговор со лицето кое синоќа било пријавено за исчезнато. После тоа, според Димоски би требало да произлезат низа одговори кои би биле корисни во делот на реализација на севкупните активности на езерската полиција и на СВР Охрид.
{loadposition content9}