Пронајдени две ловни пушки кај 35-годишен охриѓанец
На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид.
| | Охрид
На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид.
При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.