Skip to main content

Малолетно лице

Пронајдени фалсификувани пари кај жител на Елшани

Приведен е 16-годишен жител на селото Елшани. Полицијата кај него пронашла фалсификувани пари и марихуана.
 |  инфодеск  | 
Евра

На 09.07.2022 година во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен 16-годишник од охридското село Елшани, бидејќи кај него се пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1050 евра и дрога.

Имено, при преглед извршен на ул. „Гоце Делчев” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.